Група вооружени Бугари се обиделе да влезат во Македонија

Еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви.

Настанот се случил на 13 јануари.

Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава МКД.мк.

„На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
било запишано во билтенот на МВР ден подоцна.

Засега нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава јави мкд.мк