Груевски за ГТЦ: Уште пред повеќе од 20 години ми беше јасно дека со време ќе пропадне ако не се затвори и модернизира

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски го коментира објавениот финансиски извештај за Градскиот трговски центар во Скопје, кој противниците на планираната реконструкција во барокен стил со денови „го гушкаа“ во 2015 година за да ја спречат, а минатата година ја завршил со загуба од 646 илјади евра.