На Економскиот факултет во Скопје, екс премиерот Нокола Грууевски бранеше докторат на тема „Економски ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“
Докторатот бил пријавен пред 7 години доека беше премиер.
Дел од тезите во докторат кој успешно го одбрани беа и економските мерки на владата која тој ја водеше, со посебен осврт на успешноста на привлекување странски инвеститори.
Професорите кои беа дел од комисијата побараа Груевски да ја скрати презентацијата која се оддолжи на повеќ од предвидените половина час,а дополнителен проблем се појави кога се расипа проекторот со слајдови од неговиот труд.
Груевски, во декември 2006 година, магистрираше на истиот факултет со магистерскиот труд „Странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста“.
Никола Груевски на факултетот се појави придружуван од сопругата и ќерките, како и од неговата мајка.