Екс премиерот Груевски за кратко време го растури спинот на СДСМ кои вчера преку порталот СДК а денеска и преку други медиуми се обидоа да манипулираат дека промените на Кривичниот законик се во договор со него.

Груевски денеска го растури спинот на СДСМ уште еднаш објаснувајќи дека промените на КЗ немаат улога во неговите предмети со што практично остана само едно сценарио, дека власта го сменила законот за да се спаси од прогон кога ќе замине од власт.


,,Партиите, директно или преку нивните интернет ботови и нивните приврзоци во медиумите во Македонија во отсуство на конкретни дела, визија, понуда, проекти и решенија за проблемите на народот во Македонија редовно се препукуваат, и на секој два-три месеци им паѓа на памет спиновите да ги насочат кон мене во правец на некакви мои непринципиелни договарања со некого или нешто, заговори и слично, па веќе неколку години периодично се јавува потреба да ги демантирам, исто како што тоа го правам и сега во оваа прилика во која повторно го демантирам истото.

Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат.
Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество.

Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и сеуште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех.
И имаат причина за страв”, напиша Груевски на социјалните мрежи откако беше прозван да каже дали навистина е дел од играта во која за олеснети членови на КЗ тој ќе се обиде да обезбеди пратеници за уставни измени.