Груевска-Маџоска: Само слеп не гледа дека се укинуваат “македонските катедри”

Само слеп не може да види дека во новото реструктуирање НЕ ПОСТОЈАТ катедри, пишува професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во врска со програмата за реструктуирање на системот на организација со кои ќе ги снема катедрите по македонски јазик на Филолошкиот факултет Блаже Конески.

Според документот што вчера го објави expres.mk со планот на деканката Анета Дучевска се предвидува укинување на катедрите, меѓу нив и за тие по македонски јазик и книжевност.

Со новата организација никаде нема оддел за македонски јазик и оддел за македонска книжевност.

“За да не се замајува јавноста: кога во изборна програма за нив мандат на декан се става реструктуирање на факултетот, се разбира дека при имплементацијата ќе мора да се смени Статутот. Тоа што СЀ УШТЕ не е сменет е затоа што реструктуирањето не е уште спроведено”, пишува Маџоска по објавата на документот по кој повторно луѓе блиски на власта упорно тврдат дека нема укинување на “македонските” катедри.

Целиот план за укинување на „македонските“ катедри на „Блаже Конески“

Пред да биде објавен документот дел од провладините активисти и медиуми го нападнаа претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев дека лажел за опасноста од укинување на катедрите по македонски јазик и книжевност.

Институтот за демократија под притисок од јавноста, Трошановски да му се извини на Коцарев