По трет пат координаторот на проектот за автопатоте организираше почеток на проектот.

Во истовреме, вицепремиерот Артан Груби смета дека изгласаните закони кои се поврзани за изградбата на Коридорот 8 нема да паднат на Уставен суд, па дури и не гледа причина зошто некој би покренал иницијатива до Уставниот суд за ова.


„Нема да паднат на Уставен суд и не верувам дека ќе паднат и не гледам зошто би имало иницијатива до Уставен, зашто никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Се искоординира целата правна служба во Владата, со Законодавно-правната комисија, со сите експерти од Владата и министерствата, така што апсолутно нема никаква причина ниту да се оспори ниту да се разгледува од Уставниот суд“, изјави Артан Груби.