Груби за титулата на Шкупи: Голема радост за сите граѓани на Скопје

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, како неформален водач на навивачката група „Шверцери“ не го криеше задоволството од шампионската титула на Шкупи.

„Тоа е голема радост за сите граѓани на Скопје. Не само Чаир, туку и Сарај, Студеничани, Арачиново, сите скопски населби денеска го слават враќањето на шампионскиот пехар по 21 година во својот дом во скопски Чаир“, изјави Груби за весникот „Лајм“, мислејќи на некогашна Слога Југомагнат, која беше првак три пати едноподруго од 1998 до 2001 година.