Првиот вицепремниер Артан Груби негира дека настанот во Чаир во понеделникот бил „дебело платена приватна журка за подигање на руинираниот рејтинг на ДУИ“ и дека не тој, туку новинарите бесплатно ја обработиле рекламата за спектаклот најавен под мотото „Да.Тој доаѓа“.

„Тоа е настан за кој сите зборуваат. И пријателите и непријателите на ДУИ“, рече Груби во гостување на Телма:

„А најавата беше сосема бесплатно зашто вие (новинарите) бесплатно тоа го правевте за нас. Ја само објавив фотографија и вие објавивте дека нешто помпезно се најавува“ рече Груби.

„Статусот на Фејсбук е бесплатен, не се наплаќа, а вие го направивте вест и вие го направивте ПИ-арот.

Ова ми беше најевтиниот ПИ-ар во кариерата“. рече Груби.

На новинарско прашање дали тоа значи дека новинарите не треба „да го пренесуцваат“ во иднина, Груби со одговор: „ж

„Вие си ја знаете вашата работа, јас си ја знам мојата. И знам дека само со еден статус се занимаваа медиумите цела една недела“…„од срце ви благодарам“ рече Груби.

На видеото по 4-та минута