Ако се гледаат фотографиите што ги објави прес службата на владата на Твитер ниту премиерот, ниту еден друг од министрите од СДСМ во владата не се присутни на прославата во чест на 21 година од Рамковниот договор.

Според фотографиите што ги објави владата на Твитер на прославата се присутни функционери на ДУИ и други гости но нема ниту еден од министрите од СДСМ.

Ако се гледаат постот и фотографиите објавени од владата на Фејсбук ќе се види (САМО НА ЕДНА СЛИКА И НА ТАА АХМЕТИ Е ГЛАВЕН ВО КАДАРОТ) дека на прославата бил и премиерот Ковачевски.

Линк до сите слики на ФБ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0QD1i1LRevdqzHZAt3cekJbbuaFdAo8ngF42GJENj1NggaTANVdHKqb2anG7FV442l&id=100064446799690

Целосно е нејасно зошто на Твитер има објавено дури 3 фотографии од вицепремиерот Артан Груби а ниту една од Ковачевски како што е збунувачки што на Фејсбук има само една фотографија од Ковачевски а неколку од Артан Груби.

Кој и да одлучувал во владата за изборот на фотографии сакал преку социјалните мрежи да испрати пораки до јавноста кои се движат во следниот дијапазон:

1. Ковачевски е неважен фактор во владата која ја води ДУИ
2. Вицепремиерот Артан Груби е поважен фактор во владата и државата од премиерот Ковачевски
3. ДУИ а не СДСМ е владеачка партија во Македонија
4. Али Ахмети е главниот фактор во владата иако номинално тоа е Ковачевски
5. Со Македонија и македонската влада не владее коалиција предводена од СДСМ туку оваа партија е само помал партнер во владата на ДУИ