„Апсолутно се солидаризираме со нашите граѓаните Македонци, затоа што ние најдобро знаеме што значи да се спори јазик, култура и историја“, изјави првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, за поднесената Предлог-резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, со методи од 19-тиот век не може да се решат спорови од 21-ви век.

„Очекуваме на утрешните избори во Бугарија да победат демократските прогресивни сили, кои што ќе овозможат решавање на спорот со Софија и отворање на преговорите во декември“, рече Груби.