Во обид да и се одмазди на ВМРО-ДПМНЕ која лиферува информации за тешка корупција во семејството на вицепремиерот, Артан Груби го инволвира Али Ахмети и неговата партија дека биле корумпирани и премногу се задолжувале.
Вицепремиерот Артан Груби, вчера гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 каде (не)свесно го обвини лидерот на ДУИ и партиски шеф Али Ахмети преку ДУИ во владата на Груевски земал кредити кои сега владата ги враќа со нови кредити.
Груби зборува за периодот од 2008 до 2017 односно за период од речиси 9 години кога ДУИ беше во владата на ВМРО-ДПМНЕ и гласаше за кредитите за кои сега тој тврди дека се враќаат со нови кредити.
Груби кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се извор на корупција, и дека сегашната владеачка коалиција морала да подига кредити за да се вратат долгови создадени од нив. За ДУИ како дел од владата која ја напаѓа Груби не кажува ништо.
„ВМРО-ДПМНЕ е извор на корупција. Тие измислија коруптивни зделки за да се збогатат на товар на граѓаните. Ги гледате денеска по судови. Го измислија проектот Скопје 2014, комплетно коруптивен проект. И што правиме ние денес? Се задолжуваме со нови кредити за да враќаме долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груби со надеж дека јавноста ќе заборави дека ДУИ и тој биле дел од владата која сега ја напаѓа за задолжување и корупција.
ДУИ гласала за сите одлуки на ВМРО-ДПМНЕ во времето за кое зборува Груби со што тој го обвинува и Ахмети дека учествувал во корупција.