Вицепремиерот Артан Груби во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека во тендерот за надзор на изградба на Коридор 8, договор кој го доби американската компанија „Бехтел Енка“, државно претпријатие кое го раководи кадар на ДУИ избрала компанија зад која стои руски капитал.
Груби со изјавата индиректно го обвини директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми кој е од неговата партија ДУИ дека овозможил руски фактори да влезат на македонскиот пазар.
Ејупи Рустеми, ДУИ
Доколку хрватската компанија за која зборува Груби доставела банкарска гаранција таа сега ќе беше надзор на автопатот кој ќе го гради американска фирма.
Одлуката за тоа ја донесла државна компанија ЈПДП која е раководена од кадар на ДУИ.
На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра.
Според Груби подоцна се увидело дека позади таа компанија стојат руски пари без да даде детали кога точно и како е тоа утврдено, односно зошто не било утврдено порано пред да пропадне компанијата.
Според Груби, добро што излегло вака затоа што на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот.
Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што изјавил лидерот на ДУИ Ахмети во истото студио.
Што ќе се случи ако на следниот тендер се појави друга компанија зад која стојат руски пари Груби не кажа.