Артан Груби денеска ја демантираше информацијата дека биле разрешени сите претседателите на ограноците на ДУИ.
„На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година… на вчерашниот состанок на претседателството беа одредени одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок“.
Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут.