„Моите сограѓани Македонсци нема за што да стравуваат туку треба да ги поддржат Заев и Владата во откочувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ затоа што од тоа придобивка има целото општество“, порача денеска првиот вицепремиер Артан Груби по реакциите во јавноста што ги предизвика интервјуто на премиерот за БГНЕС.

Груби вели дека му дава огромна поддршка до премиерот Заев во неговите напори да се откочи нашиот пат кон Европската Унија а за реакциите вели дека имало и по потпишувањето на Преспанскиот.

„Дел од граѓаните имаа исто вакви реакции, но денеска после две години сите го славиме нашето членство во НАТО и сите гледаме дека нашите сограѓани останаа Македонци, зборуваат македонски јазик и државата си остана каква што ја знаевме и пред Преспанскиот договор.

Така ќе биде и по договорот со Бугарија и со отворањето на преговорите со Европската Унија“, вели Груби.