„Кичево е најголемата победа на Охридскиот договор и на војната од 2001 година и не смееме да го доведеме во опасност, не смееме да го загрозиме по ниедна цена.“ – изјави првиот потпретседател на Владата Артан Груби на собирот на ДУИ во овој град, на кој беше претставен кандидатот за претседател на општината Кичево Фатмир Дехари и листата на кандидати за советници. Оваа информација на „Газета.мк“ ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.

„Во Кичево сите можат да се подмладат со нас, и Алијансата на Албанците, и Алтернатива, и Беса. Сите се со Али Ахмети и со Фатмир Дехари на овие избори. Вака и треба да биде, бидејќи Кичево е најголемата победа на Охридскиот договор и од војната во 2001 – та година. Кичево не смее да биде доведено во опасност, не смее да биде загрозено и оттука сите сме собрани заедно во поддршка на Фатмир Дехари.“ – „Лајм“ ја пренесе оваа изјава на Артан Груби на предизборниот митинг на ДУИ во Кичево.

Инаку, во својата анализа под наслов „Еве зошто Алтернатива го повлече својот кандидат“, објавена на 16.9.2021 година, информативната агенција на албански јазик „Журнал“ имаше напишано што презела опозициската коалиција Алијанса на Албанците – Алтернатива, „за да се спречи Кичево да премине во рацете на Македонците“: „Албанската опозиција го повлече својот кандидат, за да се спречи расцепување на албанскиот глас. Кичево е една од оние општини каде што разликата помеѓу Албанците и Македонците е многу мала во поглед на гласовите Сега има двајца албански кандидати во изборната трка за градоначалник, што може да претставува ризик за албанската иднина на Кичево. Овој ризик би бил уште поголем, можеби и фатален, ако албанската опозиција Алијанса на Албанците – Алтернатива не го повлечеше својот кандидат од изборниот натпревар. Наместо да учествуваат со свој кандидат, тие решија да ја поддржат кандидатурата на Фатмир Лимани од ДУИ. Ова е добар стратегиски, но и национален потег на албанската опозиција, која со оваа постапка не предизвика опасност, ниту ќе стане причинител една албанска општина да прејде во рацете на Македонците, поради политички или лични интереси. Ако тие го направеа спротивното, тогаш ќе беа многу големи шансите ВМРО ДПМНЕ да победи во оваа општина.“

Извор: https://lajmpress.org/grubi-kercova-eshte-fitorja-me-e-madhe-e-marreveshjes-se-ohrit-dhe-e-luftes-se-vitit-2001/