Груби до Османи: Поддржуваме признавање меѓу Косово и Србија, како што Косово нè поддржува за уставните измени!

Вицепремиерот Артан Груби на средбата со косовската претседателка Вјоса Османи ги поврза дијалогот меѓу Косово и Србија со тој меѓу Македонија и Бугарија?!

„Во решавачките моменти за европската иднина на нашите земји, повеќе од важно е зајакнувањето на соработката и консолидирањето на нашите дејствија на патот кон реализација на реформите.


Го изразивме нашиот став и поддршка за успешно надминување на спорот помеѓу Косово и Србија преку дијалог и принципот на меѓусебно признавање, исто како што и Република Косово го поддржува нашиот процес на дијалог со Република Бугарија и усвојувањето на уставните измени.

Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!“, порача Груби.