Груби до грчки дипломати: Македонскиот устав има содржински недостатоци

Вицепремиерот Артан Груби на средба со грчки дипломати во Скопје тврдел дека во македонскиот устав има содржински недостатоци.

На средба со новата амбасадорка на Република Грција, Софија Филипиду, на која и посакал успех во нејзината дипломатска мисија во нашата земја, Груби дал изјава кој по ниедна основа не смеел да ја даде како дел од извршната власт.

,,Разговаравме за важноста на имплементацијата на Преспанскиот договор со кој го започнавме поглавјето на добрососедските односи, околу новите предизвици на преговарачкиот процес на нашата земја со Европската унија и поддршката на грчката држава за унапредување на интегративниот пат.

Ја информирав амбасадорката Филипиду за цврстите прозападни определби на Владата, за политичкиот моментум кој бара единство од сите страни во усвојување на уставните измени и објективен пристап на експертите и академскиот свет за корекција на содржинските недостатоци на Уставот”, и порачал Груби на грчката амбасадорка.