Груби: Да се отвори Уставот и да се разговара не само за бугарските барања…

Треба да се отвори сеопфатна дебата за, како што вели, надминување на повеќе недостатоци  во Уставот при неговото идно отворање изјави првиот вицепремиер Артан Груби синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Според него, треба да се помести цензусот за референдумот, да се размисли и за недоразбирањата околу конституирање на Собранието, да се тргне терминот „20 отсто“, како и да се внесат Бугарите во Уставот, како и претседателот на државата да се гласа во Собрание.

„Но, еве ексклузивно од вашето студиo, како ДУИ бараме конечно после 20 години сериозно да се анализираат сите недостатоци во Уставот, бараме да се отвори Уставот и да се разговара за сите недостатоци, не само за бугарските барања, туку за многу други предлози“, рече вицепремиерот.

Тој е убеден дека ќе има повеќе од 80 пратеници за уставните измени.

„64 моменталното мнозинство, 10 други пратеници од АА и БЕСА, тоа се 74 пратеници.

Два пратеници од Левица нема да гласаат сигурно. Значи остануваат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сите од ВМРО, има и од другите помали партии. Верувам дека сите тие пратеници од коалицијата на ВМРО имаат европски убедувања“, вели Груби.