Новинарката и фотографка Арбноре Мехмети – Норе објавува дека приврзаник на вицепремиерот Артан Груби и на ДУИ ја навредуваат на сексуална основа на социјалните мрежи откако му поставила јавни прашања на функционерот на ДУИ.
,,По неколку статуси напишани за Артан Грубин, автоматски стануваш ку*ва.
Се моли Артан Груби @ArtanGrubi да ги собере куќињата”, бара Мехмети.
Во твитот таа го објавува и човекот кој ја навредува а кој постојано споделувал позитивни вести за Артан Груби.
— noré (@ArbnoraMemeti) October 3, 2022
Таа предходно објави статуси за Груби во кој меѓу другото го прашува зошто тој зборува на неразбирлив и конфузен начин.
,,Зошто зборуваш неповрзано?
Зошто?”, го прашува Мехмети вицепремерот Груби по што добива навреда на сексуална основа од негови поддржувачи.
ЗНМ, Владата и ДУИ не реагираат на навредите кон новинарката.