„Беким Незири воопшто нема учествувано во физички инцидент или пресметка ниту со Премтим ниту со кој било друг вработен во М-НАВ. Беким нема ниту отворано врати за да внесува банди однадвор. Напротив, сите се вработени во М-НАВ.
Настанот воопшто не се случил во контролната кула ниту во кујната како што е известувањето.“
Ова гои тврдеше првиот вицепремиер Артан Груби во вечерашното гостување на Телевизија 24, во врска со минатонеделниот упат во М-НАВ.
Според Груби, целата јавност „хистерично реагирала“ дека настанот го загрозил контролирањето на авиосообраќајот.
Тој рече дека настанот нема апсолутно никаква врска со ДУИ а партијата реагирала со соопштение и повикала законот да важи за сите исто, а јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти.
„Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите. Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна.
Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири.
Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг.
Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ, рече Груби.