Вицепремиерот Артан Груби вели дека до сите претседатели на ограноци, шефови на општински штабови на ДУИ била испратена порака за мирна и достоинствена изборна кампања, и затоа тој го осудува стралењето од огнено оружје на отварањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир.

„Апсолутно осудуваме секакво пукање не само на митинзи, туку било каде и истражните органи треба да спроведат истрага.
На секој митинг апелираме за достоинствена кампања и впрочем нашата 20 годишна историја на организирање избори кога сме ги предводеле институциите покажува дека тие биле примерни„, изјави Груби за Плусинфо.