Грозданов открива кои функционери се изживувале врз газдата на ТВ Нова

Медиумскиот експерт Виктор Грозданов во колумна за нетпрес.мк открива шокантни информации за притисокот на бизнисменот и сопственик на телевизијата Нова која отиде во стечај по доаѓањето на СДСМ на власт.

Грозданов тврди дека почеток на случајот Рекет е поврзан со газдата на телевизијата и бизнисмен Сеад Кочан кој за разлика од неговите партнери во конзорциумот кој беше гонет од СЈО за случајот Труст не завршија в затвор.

Експертот тврди дека во притисокот се вклучени и обвинители од СЈО.

“Финансискиот садизам кон господинот Сеад Кочан започна директно од СЈО по нарачка, преку личности како што е Фатиме Фетаи. Вообичаено е дека голем број на квази аналитичари и новинари би рекле дека Фатиме нема никаква улога. Но, не е така почитувани читатели.

Исшокираната по однос на цивилизациско однесување, Фатиме Фетаи, многу беше силна. Недопирлива. Дури и проба да постави стандард како треба да изгледа една модерна жена. И се’ е тоа убаво, ама дојдовме до парите”, пишува Грозданов кој очигледно не се плаши од тужба за клевета и навреда и најверојатно располага со конкретни докази за своите вознемирувачки тврдења.

Целиот текст на Грозданов на овој линк