„Гробарите“ со тешки навреди, „комитите“ со одговор: Живо ви е кралството, колку и другарството

Навивачката група „Гробари“ истакна транспарент со навредлива содржина на вечерашниот натпревар меѓу Партизан и Вардар од ракометната СЕХА-лига во Белград, на кој доби одговор од вардаровите „комити“.

„Група со српско име бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитетот во главата“, порачаа симпатизерите на „црно-белите“ од трибините на Бањица, алудирајќи на Гоце Делчев, покрај скандирањето „Стара Србија, никогаш Македонија“.

„Живо ви е кралството колку и другарството“, им одговорија преку свој транспарент навивачите на „црвено-црните“, кои влегоа во салата пет минути пред крајот по попатното „дриблање“ до главниот град на Србија.