Грета Тунберг пак има проблеми со полицијата

Неколку часа откако судот ја казни активистката Грета Тунберг поради непочитување на полицијата минатиот месец, таа беше насилно отстранета од органите на редот за време на протестот во шведскиот град Малме.

Тунберг, придружуванa од повеќе од десетина други активисти, во понеделникот го блокираше патот до нафтено пристаниште, држејќи табла на која пишуваше> „Јас ги блокирам камионите-цистерни“.

Таа била „насилно отстранета“ од полицијата, јави Ројтерс.

20-годишната Тунберг, која стана заштитно лице на млади климатски активисти ширум светот откако организираше протести пред шведскиот парламент, во текот на судската постапка призна дека не ја почитувала полициската наредба, но се изјасни дека не е виновна и рече дека дејствувала од потреба.

„Мислам дека ситуацијата е итна“, изјави таа пред судот. „Постои климатска криза која го загрозува животот, здравјето и имотот“.