Грета Тунберг на суд

 

Судењето на климатската активистка, Грета Тунберг, започнува денеска за прекршок против јавниот ред и мир по протестите во центарот на Лондон минатата година.

Дваесет и едногодишната Швеѓанка беше уапсена за време на протестот во близина на хотелот Интерконтинентал во Лондон на 17 октомври, каде што раководителите на нафтени компании  имале состанок.

Тунберг и уште две демонстранткии од Fossil Free London (FFL) и Greenpeace се изјаснија пред судот на Вестминстер во ноември дека не го прекршиле Законот за јавен ред од 1986 година со блокирање на влезот во хотелот.

Британската активистка на Greenpeace Маја Дарлингтон оцени дека „прогонството на Грета и другите мирни демонстранти покажува дека владата повеќе се грижи за зголемување на профитот на нафтените газди отколку за борбата за иднината на сите нас“.

Наместо „да се занимава со климатски активисти“, владата на Обединетото Кралство „треба да ги принуди Shell и остатокот од нафтената индустрија да престанат со дупчење и да почнат да плаќаат за штетата што ја предизвикуваат на нашата планета и на сите што живеат на неа“, рече Дарлингтон.