Шведската активистка за животна средина Грета Тунберг ги повика гласачите од САД да го изберат Џо Бајден, велејќи дека резултатот од претседателските избори во САД е клучен за борбата против климатските промени.
Тунберг (17) на Твитер порача: „Никогаш не се занимавам со партиска политика. Но, претстојните избори во САД се над сето тоа.
(…) Само организирајте се и натерајте ги сите да гласаат за #Бајден“, напиша таа.
Пораката на Грета е очекувана со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрла предупредувањата за климатските промени и ја игнорира:
„Грета мора да работи на својот проблем со управувањето со бесот, а потоа да оди на добар старомоден филм со пријател! Смири се, Грета, смири се! “, ѝ порача еднаш Трамп.