Грешката на Мијалков што ги руинира владата, МВР, обвинителството и судот (ВИДЕО)

Во својата изјава за ТВ24 избеганиот екс директор на УБК Сашо Мијалков прави грешка која за него не донесе никакви последици но носи огромен резил за премиерот и владата, обвинителите Русковска, Ристовска и Пеливанов, повеќе делови од МВР, Оливер Спасовски, судот и други.

Имено во изјавата за Мишко Иванов која беше пренесувана во живо Мијалков јавно признава дека за потрагата по него дознал вчера наутро.

“Разбрав утрово”, вели Мијалков во изјавата пред обвинителството која ја дава пред 17 часот.

Според дефиницијата за утро која овој дел од денот го определува како период во првите часови на денот.

Според други определби утро може да е делот од денот до 9 или 11 часот а некои го дефинираат и како период помеѓу полноќта или зората и пладнето.

Оваа општо прифатена дефиниција за утро значи дека Мијалков најмалку 4 до 15 часа бил свесен дека го бара цела држава но не се пријавил на суд или во најблиската полициска станица како што е редот.

Со оваа грешка во изјавата Мијалков ги потврдува информациите дека најмалку 4 до 15 часа се воделе преговори со владата или обвинителството за негово предавање.

Гафот на Мијалков во најнезгодна ситуација ги става обвинителите Јовески, Русковска, Ристовска и Пеливанов кои не можат да скријат дека бегалецот од правдата не се пријавил сам еднаш откако разбрал дека го бараат туку најмалку 4 до 15 часа подоцна.

Лоша е и позицијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во 15 часот држеше прес конференција на која или не знаел дека бегалецот му е пред нос, свесен дека сите го бараат и преговара со владата за предавање или свесно ја лажел јавноста.

Освен лошата глума на повеќе актери во вчерашниот филм сите страни направија “грешки во чекори” кои ќе бидат сериозен проблем за нив во првата прилика кога ќе има можност за сериозна и професионална истрага и ревизија на случајот.