Грците разочарани зашто никој не вика „Северна Македонија“

Грчки медиуми забележуваат дека толку време по преспанскиот договор и „по толку меѓународно признавање на важноста на договорот, никој, освен грчките власти, не ја нарекуваат ПЈРМ со името ‘Северна Македонија’, ниту пак ‘поранешна југословенска Република Македонија’“.

Повеќето официјални претставници на странски држави продолжуваат да ја нарекуваат едноставно ‘Македонија’ па дур и кога зборуваат за Преспанскиот договор, пишува порталот In.gr..


„Јасно е дека договорот сè уште не е формално донесен, но барем кога високи официјални претставници од трети земји зборуваат за самиот договор, честитајќи им на двете земји за постигнато, тие може да го користат новото име како знак за признавање на напорите и на отстапките од Грција“.

Или, барем да бидат повнимателни во нивните изјави и да не зборуваат за договор меѓу Грција и „Македонија”, пишува порталот.

Според In.gr „пoследниот удар доaѓa од … Американците , кои, се разбира, одиграа ‘водечка улога’ во постигнувањето на договорот“.

Во изјавите на американскиот државен потсекретар Вес Мичел по средбата со својот македонски колега, Николај Димитров, и во изјавата на Стејт Департментот, се користи само терминот „Македонија”.

Порталот потсетува дека при избор на името лично премиерот Ципрас уверувал дека името Северна Македонија преводливо на сите јазици ќе биде лесно прифатено…

„Но, уште не сме го слушнале тѕоа ниту еднаш“ забележува In.gr.