Грците го затвораат граничниот премин Ники-Меџитлија

Граничниот премин Ники-Меџитлија на македонско грчката граница од грчка страна ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

До граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“ , доставено е известување кое е поврзано со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“, соопштија од МВР.