„Новиот белег што ќе ги придружува македонските производи ширум светот им дава единствен идентитет на производите произведени на македонска земја. Идентитет кој се однесува на славното минато и го отвора патот за оптимистичка иднина“.

Со оваа порака на Твитер, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја започна новата кампања на Грција насловена како „Голема Македонија“.

Во првиот член од Преспанскиот договор се одредува што ќе биде преземено во врска со употребата на името Македонија во трговските брендови. Но и тој член, како и другите, остава голем простор за толкување, потсетува МКД.МК.

„Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.

За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО”.

Групата експери сѐ уште не си ја заврши работата…

Но, грчкиот премиер овој член од Преспанскиот договор поинаку го толкува.