Тие би се одржале на 25 јуни или 2 јули, пишува „Катимерини“.
Ова го најави лидерот на Нова Демократика Кирјакос Мицотакис по вчерашните парламентарни избори, на кои ниту една партија не освои мнозинство.
Конзервативната партија Нова демократија извојува убедлива победа, но без доволно пратенички места за формирање влада.
Со сегашниот резултат, расспределбата во парламентот би била следна: 146 пратенички места за „Нова демократија“; 71 место за СИРИЗА и 41 место за ПАСОК – недоволно за сдтабилна влада во земјата која има лошо искуство со коалициони влади.
Мицотакис посочи дека ќе бара втори избори со надеж дека ќе ја зацврсти својата победа без да му треба коалициски партнер.
„Од утре ќе ги следам сите уставни процедури, но останувам на моето цврсто мислење дека математиката на пропорционална застапеност е слична на партиско тргување и води во ќорсокак, рече Мицотакис. Без сомнение, политичкиот земјотрес што се случи денеска не повикува сите да се забрза процесот за конечна владина одлука за што поскоро нашата земја да има искусна рака на чело“.
Според сегашните правила, за мнозинство се потребни 300 места во парламентот.
Новото гласање ќе се одржи според новиот изборен закон кој дава бонус места на победничката партија, со што ќе и олесни сама да формира влада.
Партијата Нова Демократија освои 40,80 отсто, а по неа е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со 20,6 отсто.
Ципрас веќе изрази разочарување од резултатот.
