Грчката влада до 15 јуни 2020 година ја проддолжи мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на од Атина.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска патува за Грција на средба со тамошните власти со кои ќе се разговара за подготовка на здравствениот систем за следниот период кога се очекуваат нови пикови, но и за за отворање на границите и аеродромите.