Грција контра ЕУ за намалување на потрошувачката на гас

Владата на Грција ќе се спротивстави на предлогот на Европската унија за доброволно намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од следниот месец за да се ублажи можното целосно прекинување на испораките од Русија, изјавија двајца официјални лица, цитирани од Катимерини.

Во средата, Европската комисија побара од земјите-членки да ја намалат потрошувачката на гас во наредните месеци за да избегнат големи нарушувања во индустријата следната зима.

„Владата начелно не се согласува со предлогот на Комисијата за 15 отсто намалување на потрошувачката на природен гас“, изјави владиниот портпарол Јанис Иконому.

За „ТВ Скаи“, министерот за енергетика Костас Скрекас, претходно рече дека 70 отсто од природниот гас увезен од Грција се користи за производство на електрична енергија, што значи дека секое намалување ќе влијае на домаќинствата и бизнисите.

Тој, исто така, рече дека земјата веќе го изразила своето несогласување со предлогот и ги „презела сите неопходни активности“ за да обезбеди снабдување.

Слични реакции изразија Шпанија и Португалија.