Грција ќе се жали на партнерите во НАТО од Турција

Грчкото Министерство за надворешни работи ја обвини Турција дека го поткопува единството на НАТО во особено опасен момент.

„Веднаш ќе ги информираме сојузниците и партнерите со содржината на провокативните изјави од последните неколку дена, за да се разјасни кој го нарушува единството на нашиот сојуз во многу опасен момент“, соопшти грчкото Министерство пренесува Б92.

Ердоган ѝ се закани на Грција: Една вечер ненадејно ќе дојдам

НАТО „сојузниците“ Грција и Турција веќе подолго време се во тензични односи, а последната ескалација се случи на крајот на август. Тогаш турското Министерство за одбрана објави дека грчкиот систем за противвоздушна одбрана С-300 ги гаѓал турските авиони Ф-16, што грчката страна негираше.

Реториката потоа се засили, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција дека ги окупира островите во Егејското Море кои имаат демилитаризиран статус, заканувајќи се дека Анкара е подготвена да го направи „тоа што е потребно“ кога ќе дојде време.