Невакцинираните грчки граѓани на возраст над 60 години кои не примиле барем една доза вакцина против коронавирус ќе бидат казнети со 50 евра во јануари и 100 евра за секој нареден месец.
Санкцијата се воведува со оглед на одлуката за задолжителна вакцинација на конкретната возрасна група која стапи во сила денеска.
Мерката беше објавена на крајот на ноември,а неколку дена подоцна пратениците ја изгласаа одлуката.
Мерката предвидува дека, со цел да се заштити јавното здравје, сите лица родени пред 31 декември 1961 година и кои живеат во Грција мора да бидат вакцинирани против СОВИД-19.
