ГЦелосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

Донесена е одлука дека ќе бидат изречени казни од 5.000 евра за оние граѓани кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки.