Грција има 140 пати повеќе забелешки за учебниците од Македонија

Грција има дури 140 коментари во делот од договорот кој што предвидува заедничка комисија со која ќе се решаваат учебниците во двете земји.

Тие се ставени на 7 страници густо напишан материјал во кој се бара Македонија да смени содржина во стотина учебници во кои според Атина има “иредентизам” и обид за извртување на историјата.

Грчката страна инсистирала Скопје и Атина безусловно да ги прифатат сите заклучоци на комисијата што ќе одлучува за ова прашање.

Грција прифатила и таа да направи анализа на забелешките од Македонска страна но според сознанијата на expres.mk од доброупатени извори во преговарачниот процес македонската страна има само една забелешка на грчките учебници.