Владата на Грција предводена од премиерот Киријакос Мицотакис на денешната седница одобри дополнителни 375 милиони евра за субвенционирање на горивото, одлука која ќе стапи на сила од 1 јули.

Според предлогот на Мицотакис, со новите мерки се зголемува субвенцијата на таканаречениот проект Fuel Pass 2 од 45 евра на 80 евра месечно по сопственик на автомобил, додека субвенцијата за сопствениците на мотоцикли се зголемува од 35 на 60 евра.
За островите субвенцијата се зголемува од 55 на 100 евра по возило.