По циклонот „Ксенофон“ кој донесе студено и влажно време во Грција неделава, властите во денеска се подготвуваат за циклонот наречен „Зорбас“, кој се очекува да се движи од југ, и ќе ги погоди Пелопонез, Крит, Атика и источна Евија, како и голем дел од Егејското Море.

Според метеоролозите, се очекуваат силни ветрови кои може да создадат бранови високи  до 11 метри на отвореното море.

Во петокот силна бура собори дрва и предизвика прекин на електричната енергија во делови од Атина, поради што училиштата во Атика, Пелопонез и Западна Грција останаа затворени.