Во Загреб пристигнаа европските потерници за навивачите кои по немирите избегаа од Грција, пишува денеска Јутарњи лист повикувајќи се на неофицијални извори.

„Уапсете ги и екстрадирајте ги овие ‘лоши сини момчиња““ – стои во барањето на грчките власти со список од десет имиња на навивачи на „Динамо“ осомничени дека учествувале во нередите во Атина вечерта пред натпреварот од 2. прелиминарно коло на Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо на 7 август, во која беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, потсетува Индекс.хр.


„Дека европските налози стигнале до хрватското правосудство, неофицијално потврдија повеќе извори во судството, но не успеавме да дознаеме кој се наоѓа на списокот на лица за кои се заинтересирани грчките власти и за што точно се обвинети, пишува Јутарњи.

Извор близок до Бед Блу Бојс потврди дека се издадени европските налози за апсење , а неговите информации се покажале точни, но ни тој не знае за што точно се обвинети хрватските навивачи.

Весникот побара одговор од хрватското МВР дали ќе постапат по нив и во која временска рамка. Нивниот одговор е многу значаен: „Од тактички причини не ја потврдуваме таквата информација“.

Според неофицијални информации, станува збор за навивачи кои биле регистрирани при влез во Грција, нивните имиња од хрватскиот МВР ги доставила до грчките власти пред да заминат за Грција, но по нередите успеале да ја напуштат таа земја.

Како што е реконструирано од грчките власти, повеќето од нив прво отпатувале за Италија со траект и се вратиле во Хрватска по копно.

Меѓу оние чии имиња се најдоа на списокот на навивачи кои се вратија, имаше и некои истакнати челници на Бед Блу бојс, за кои се шпекулираше дека исто така учествувале во нередите или имале значајна улога во инцидентите кои завршиле со фаталните повреди на Михалис Кацурис, пишува Јутарњи.