Грција: 5.000 евра казна за лажен ковид-сертификат

Високи казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен до грчкиот Парламент, јавува дописничка на МИА од Атина.

Се предвидува парична казна од 5.000 евра за секој кој ќе се обиде или пак ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран или пак потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен кој на било каков начин учествува во издавањето на лажен сертификат за вакцинација.

Оваа конкретна мерка доаѓа по откриениот скандал со над 40 фиктивни вакцини внесени во системот за вакцинирање во болницата во Палама поширокиот регион на грчкиот град Кардица.