Грчки граѓани кои не сакаат да се вакцинираат, а сакаат да имаат потврда за вакцинација, незаконски, по цена од 300 евра, добиваат европски сертификати во Бугарија без воопшто да бидат вакцинирани, јави грчката државна телевизија ЕРТ, повикувајќи се на еден од посредниците меѓу грчките граѓани и бугарската мрежа.
Бугарската мрежа е веќе активна во северниот дел на земјата, а лицето кое зборува за ЕРТ објаснува дека ова е мрежа во Бугарија и посредува само во интерес на грчки државјанин да добијат сертификат за вакцинација од ЕУ без да бидат вакцинирани, пренесува БГНЕС.
Одиш во Бугарија, ти даваат сертификат, го проверуваат името, го подготвуваат, проверуваат дали се е точно, плати и си оди“, зборува посредник за ЕРТ
Според него, целата процедура трае 15 минути, само треба лично да отидете во Софија и да платите 300 евра. Тој откри дека лично знаел за најмалку 100 потврди издадени на Грци во северниот дел на земјата во последните три месеци, пренесува БГНЕС.