Кипар, Албанија и Египет, во првата фаза ќе бидат земјите во кои грчките Универзитети се очекува да го направат првиот истражувачки чекор за основање
нивни факултети во странство, а се разгледува слична иницијатива и за
Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката
на МИА од Атина.

Според весникот веќе се започнати контакти со припадници на грчката
заедница во трите земји, а важна улога ќе имаат и локалните православни
цркви, додека пак факултетите во другите земји „ќе се формираат согласно условите под кои се формираат во Грција“.

Освен со Египет, Кипар и Албанија, разговори за создавање на академски
програми водат и грчките Универзитети со Кина, додека се истражуваат
изгледите за соодветен проект во Северна Македонија, пишува
„Катимерини“.

Универзитетот од западна Атика веќе започнал разговори за отворање
факултети на Кипар и во Египет, додека за Албанија, Универзитетот од Јанина ја
разгледува можноста за отворање катедра за грчки јазик, култура, и за
информатика.

Извор: МИА