Историјата на Бугарија и словенска Македонија до Втората светска војна е иста. Ова за „Ал Џезира“ го изјави Јаковос Михаилидис – професор по модерна и понова историја на Универзитетот Аристотел во Солун, пренесе бугарската агенција БГНЕС.
Во крајно субјективната анализа напишана од грчки новинар во текстот Македонците се нарекуваат Славомакедонци и Северномакедонци.
Грчкиот професор не дава никакви аргументи за неговото тврдење за Бугарите и Македонците како ист народ до 1941.