Динамо синоќа изгуби со 1:2 од АЕК на Максимир со гол во 90-та минута во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Натпреварот, прогласен од страна на УРФА за високоризичен доаѓа во моменти на „жешка атмосфера“ во Грција, откако по минатонеделната тепачка и убиство на 29-годишниот навивач на АЕК, 94 членови на „Бед блу бојсите“ се распоредени и затворени во 16 грчки затвори.
По изјавата на Зоран Милановиќ, следуваше реакција и демант на наводите на хрватскиот претседател од страна на грчкото Министерство за надворешни според кое „Грција е пртавна“ држава и дека истрагата за убиството е во тек.
Реванш се игра в сабота во Атина.
Грчките медиуми денеска ја слават победата на АЕК, а еден од нив е и Јоргиос Цакирис, кој напиша коментар за играта и прославата на голот на Галанопулос, пишува Индекс.хр.
По голот, фудбалерот на АЕК го тргна црниот флор и се сврте кон навивачите на Динамо (Бед блу бојсите) јасном порачувајќи дека голот му го посветува на убиениот навивач на на АЕК, минатата недела во Атина, Михалис Кацурис.
„Михалис, виде ли што направи Галанос? За тебе им прослави во лице“, пишува новинарот на грчки Газета и додава:
„Направете забава на небо вие и другите навивачи бидејќи АЕК победи на неонацистичкиот стадион. Костас Галанопулос славеше пред своите навивачи поради вас““, напиша новинарот.
