Грчки ботови ја „бомбардираат“ ФФМ на Фејсбук

Грчките ботови деновиве ги „масакрираа“ социјалните страници на ФФМ и тоа во деновите кога од нивни официјални институции имаа барања против логото на ФФМ, против коментаторите на МТВ и уште еден куп работи.

Сепак, прво ги „патосираше“ УЕФА, а потоа и нашиот министер Бујар Османи.

Но тоа не беше доволно. Нападот на ФБ страницата на ФФМ сѐ уште трае:

– Илјадници пораки од ботови од Грција ни доаѓаат деновиве. Само вчера избришавме околу 5-6.000 непристојни пораки – вели за „Спортмедија“ Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.

Ова не е првпат да ни се случуваат вакви работи. Грците покрај социјалните мрежи на ФФМ ги нападнаа и оние од УЕФА.