Со два прелета во воздушниот простор на Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing” (чување на воздушниот простор).
Прелетот го извршија воздухоплови на вооружените сили на Грција, а целта е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.
Мисијата „air policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.