Грчката јавност не е подготвена за име Македонија

Јоанис Армаколас, професор на солунскиот универзитет Македонија и шеф на програмата за југоисточна Европа во грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, за МИА изјави дека јавното мислење во Грција не е подготвено да прифати термин „Македонија“ за име на сверниот сосед.

Ако пред две години 57 проценти прифаѓаа, сега 71,5 проценти од граѓаните на Грција не прифаќаат сложено име со термин Македонија, покажауваат споредбените резултати од истражувањата од анкетите во 2016 и 2018 спроведени од фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП.

Професорот објаснува дека „во 2016 истражувањето беше во период кога прашањето не беше актуелно во јавниот живот, затоа тогаш граѓаните биле „поопушетни во размислувањата. Новото истражување беше во период на преговори, на интензивни консултации… веднаш по протестот во Солун“.

Армаколас смета дека голема улога во јавното мислење  ќе игра дали опозицијата ќе соработува со власта во изнаоќањето решение за спорот и вели дека тогаш и јавноста во голема мерка ќе го следи тоа.