„Заради Грција го сменивме Уставот. Бара и Бугарија да го смениме Уставот. Упатства даваат како да се промени нашиот Устав сега и Еди Рама и Албанија. Каква држава сме ние?“ – реагира Солза Грчева, претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка, во врска со поканата на албанскиот премиер Рама до сите албански партии од Македонија на 10 јануари во Тирана со намера за нови договарања за „сеалбански активности“ како надоврзување кон „Тиранската платформа“ од 2016 година.
На својот фејсбук-профил Грчева дополнува: „Како може некој воопшто да ја смета како своја оваа марионетска власт, наметната со ‘шарена револуција’, инсценирана и платена од надвор?“
„Глобалисти, ќе се распаднете во парчиња. Суверенитетот на државите ќе се врати назад!!!“