Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева објавува фотографија од екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски сликана на шопинг во ,,East Gate” во Скопје, чудејќи се како може осомничениот за повеќе криминални дела кој беше во притвор да шета слободно.
Таа веројатно заборавила дека Рашковски кој е еден од најблиските луѓе на Зоран Заев на чуден начин беше пуштен да се брани од слобода иако се соочува со повеќе кривични истраги кои можат да му донесат повеќегодишни казни.
Во текот на судењето пред јавноста Рашковски тврдеше дека купувал огромни имоти затоа што неговите деца добивале огромни подароци за родендени, мекици и други семејни прослави.
Рашковски со полни торби шета во East Gate. Човеков не е во притвор? pic.twitter.com/SonpJM8Jhg
— Солза Грчева (@Solza_Grceva) April 19, 2022